Утрински Весник
Македонија

Сиљановска – Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Vila Vodno Mia.jpg

По низата реакции на домашната сцена и однадвор за неупотребата на целосното уставно име на државата Северна Македонија за време на инаугурацијата во Собранието на новата претседателка Гордана Сиљановска – Давкова, се огласија со став и од кабинетот на вила „Водно“. -Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, се вели во писмената реакција.

Можете да прочитате

Косовец возел над 200 км/ч на автопат во Македонија, полицијата го уапси

Муцунски на затворањето на македонското претседателство со AII/EUSAIR: „Напредокот од ова претседателство покажа дека кога дејствуваме заедно, можеме да испорачаме резултати”

Филипче: Граѓаните добија уште едно признание –  во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши