Утрински Весник
Македонија

Чупеска: Новата претседателка Сиљановска Давкова го прекрши Уставот на С. Македонија

Screenshot 2024 05 13 124950.png

Она што вчера за време на инаугурацијата во Собранието го направи новата претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова не е изненадување затоа што таа тоа го најавуваше во кампањата, но тоа е прекршување на Уставот, рече професорката Ана Чупеска во интервју за Слободен печат. -Ние може да се обидеме да релативизираме па да речеме, добро возбудата била голема, па водена од емоциите така постапила, но мислам дека во иднина нема да биде толку многу комотна за да го прави тоа и дека сепак ќе најде начин како се држи до уставните норми, порача Чупеска. Реакциите од официјална Атина и ЕУ откако Сиљановска не го употребуваше уставното име при нејзината инаугурација се очекувани. Чупеска смета дека ако претѕседателката Сиљановска-Давкова продолжи вака може да се очекуваат и подраматични реакции. -Тоа може да доведе до изолација, Грција има многу сериозна дипломатија, најавија реакција и ја реализраа, а во следна прилилка делувањата и реакциите можат да бидат многу подрастични, особено што ние сме во многу сериозна стратешка релација во рамките на НАТО со Грција а таа земја многу не поддржува во процесите на ЕУ. Ние имавме четири предупредувачки изјави од ЕУ и Грција ако продолжи овој тренд може да биде многу полошо, посочи меѓу другото Чупеска.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово