Утрински Весник
Свет

Жестоки борби во регионот Харков, над 14.000 бегалци пристигнаа во Унгарија

Ukraina.jpg

Интензивни борби се водат во регионот на Харков. Москва тврди дека презела контрола над пет села во пограничната зона на Харковската област. Володомир Зеленски го демантира ова, наведувајќи дека борбите се уште траат и дека ситуацијата во Доњецк е „особено напната“.

Руските власти соопштија дека девет лица загинале во нападите на украинските беспилотни летала врз Белгород, Курск, Доњецк и Луганск.

Повеќе од 14.000 бегалци пристигнаа во Унгарија од Украина во петокот на 10 мај, соопшти унгарската полиција.

Од бегалците само 43 лица побарале привремена дозвола од 30 дена за престој во Унгарија.

Можете да прочитате

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините

Повеќе бродови поминале низ Ормуската Теснина и покрај обновените тензии на Блискиот Исток