Утрински Весник
Спорт

УЕФА ќе го казни судијата кој Баерн предвреме го елиминира од ЛШ

Download 3 1.jpg

Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите го оштети Баерн во судиското продолжение против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“(2:1), требаше да биде еден од клучните судии на УЕФА на претстојното Европско првенство, но поради оваа грешка го загуби тој статус, пишува „Дејли Мирор“. Марчинијак, длабоко во судиското надополнување, ја прекина акцијата од која Де Лихт погоди за израмнување, со што натпреварот ќе влезеше во продолженија, иако протоколот предвидува дека линискиот судија треба да пушти акцијата да заврши, а потоа, доколку биде постигнат гол, ВАР собата да пресуди дали имало офсајд. Судијата овде не го направи тоа и затоа играчите на Баерн и тренерот Томас Тухел целосно ги загубија нервите, а УЕФА е незадоволна и од одлуката на Марчинијак и неговиот помошник Томаш Лискиевич и им подготвува санкции. Марчинијак судеше неколку големи натпревари, меѓу кои и финалето на Светското првенство во Катар, а тој требаше да го суди и воведниот натпревар на ЕП меѓу домаќинот Германија и Шкотска. Според „Дејли Мирор“, УЕФА ќе му ја одземе таа чест.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024