Утрински Весник
Свет

Израелска армија ги продолжува борбите во источниот дел на Рафа

Screenshot 2024 05 11 165205.png

Израелската армија ја продолжува операцијата во источниот дел на Рафа, соопшти денеска војската. Израелските трупи продолжија да ги гаѓаат борците на Хамас на одредени локации во источниот дел на градот во јужниот дел на Појасот Газа и убиле неколку милитанти во изминатите 24 часа, се вели во извештајот, што го пренесува ДПА. Израелските војници се уште се активни на страната Газа на граничниот премин Рафа со Египет, се вели во соопштението. Повеќе од еден милион Палестинци бараат засолниште во Рафа, од кои половината се деца. Сепак, повеќе од 150 илјади луѓе сега избегаа од градот, стравувајќи од израелско напредување во Рафа. Израелската армија на почетокот на неделата ја окупираше страната на Газа на преминот Рафа. Во саботата, таа ги повика Палестинците да напуштат големи делови од Рафа кон брегот на Средоземното Море, во повикот што укажува на тоа дека планира да ја прошири својата воена операција во густо населениот центар на градот, наведува ДПА.

Можете да прочитате

Вториот човек на руската морнарица загина во Курск

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота