Утрински Весник
Свет

Папа Франциск: Мајките не треба да бидат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за децата

Papata Francisk.jpg

Проблемот со намалувањето на стапката на наталитетот мора да се решава на институционално ниво, а мајките не треба да се доведуваат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за своите деца, изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

„На институционално ниво има итна потреба од ефикасни политики, храбри, конкретни и долгорочни избори“, рече папата Франциск на конференцијата за стапката на наталитет, што се одржува во Рим.

Тој посочи дека посветеноста на светските влади е неопходна за да им се помогне на младите да ги остварат своите цели, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

Можете да прочитате

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж