Утрински Весник
Спорт

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕП во фудбал во 2027 година

1.webp.webp

Фудбалските сојузи на Албанија и Србија поднесоа официјална кандидатура за организација на Европското првенство за фудбалер до 21 година во 2027 година.

Информацијата ја објави албанскиот сојуз.

„Албанскиот фудбалски сојуз соопштува дека се пријави за организација на завршниот турнир ЕУРО 2027 за играчи до 21 година. АФЛ ќе соработува со Фудбалскиот сојуз на Србија, бидејќи нашата земја не ги исполнува условите да биде домаќин на сите натпревари на ЕУРО 2027 година“, соопштија од Тирана.

Подетални информации се официјализирани на веб-страницата на албанската куќа на фудбалот.

„По успешното домаќинство на првото финале на Конференциската лига на УЕФА во Тирана во 2022 година и добивањето на организацијата на ЕП за кадети во 2025 година, АФЛ бара да биде домаќин на уште еден голем европски фудбалски настан.

Албанија е еден од главните кандидати за домаќин на финалните натпревари на Европското првенство за млади репрезентации во 2027 година. АФЛ испрати барање до УЕФА Албанија да биде една од земјите-домаќини на завршниот турнир на ова натпреварување.

Бидејќи не се исполнети условите за бројот на стадиони потребни за нашата земја да биде домаќин на сите натпревари на Европското првенство, АФЛ ќе соработува со Фудбалскиот сојуз на Србија за заедничка организација на финалната фаза на ЕУРО 2027 година.

Ова е несомнено многу амбициозен проект, кој би ја ставил Албанија во центарот на фудбалското внимание на целиот континент“.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ