Утрински Весник
Спорт

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

D0bed181d183d0bc D187d0bbd0b5d0bdd0bed0b2d0b8 D0bdd0b0 D0bcd0b5d0b4d0b8d186d0b8d0bdd181d0bad0b8d0bed182 D182d0b8d0bc D0bdd0b0 D181d183 63d598cd06804.jpeg

Златната топка која му беше доделена на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година, ќе се најде на аукција во Франција во јуни, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Ова е првата Златна топка што ќе се продава на аукција, а нејзината вредност допрва треба да се утврди. Аукциската куќа очекува да достигне милионски износ на денот на продажбата на 6 јуни.

Марадона, кој почина во 2020 година, ја освои наградата откако ја предводеше Аргентина до триумф на Светското првенство во Мексико, постигнувајќи пет голови на турнирот, на кој играше на сите натпревари без да биде заменет. Турнирот веројатно најдобро се памети по двата гола на Марадона против Англија во четвртфиналето. Првиот гол подоцна стана познат како „божја рака“, а вториот беше избран за гол на векот.

Дресот кој Диего Марадона го носеше тој ден, како и топката со која се одигра натпреварот, веќе беа продадени на аукција.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари