Утрински Весник
Свет

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

1707466247 Unnamed File.webp.webp

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и Хамас да вложат максимални напори за постигнување примирје, при тоа истакнувајќи оти евентуална офанзива врз Рафа би била „стратешка грешка, политичка катастрофа и хуманитарен кошмар“.

– Вознемирен сум и загрижен поради обновената воена активност во Рафа. Затворањето на контролните пунктови Рафа и Керем Шалом ја влошува и онака страшната хуманитарна ситуација. Тие мора веднаш да се отворат, посочи Гутереш.

Додека портпаролката на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Равина Шамдасани нагласи дека цивилите на кои им е наредено да се евакуираат од Рафа немаат безбедни патишта кон север, безбедни засолништа, храна и санитарни материјали.

– Ова се основните хуманитарни барања за евакуација. Постојат силни индикации дека тоа се прави со кршење на меѓународното хуманитарно право, нагласи Шамдасани.

Додека портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, Јенс Лерке посочи дека израелските сили ги игнорирале сите предупредувања за влијанието од офанзивата во Рафа врз цивилното население

– Ова утро е едно од најтемните во овој седуммесечен кошмар. Се чини дека нашите најлоши стравови се остваруваат, наведе портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.

Додека за Хамас заземањето на контролниот пункт Рафа од страна на Израел би било „опасна ескалација“, која би ја влошила хуманитарната ситуација во Појасот Газа и ќе ја попречи испораката на помошта.

– Палестинците во Газа се подложени на војна за истребување и систематско гладување. Ова ја потврдува намерата на окупаторската сила да ги попречи напорите за преговори за примирје и ослободување на затворениците, се истакнува во соопштението од Хамас.

Исто така, Хамас ги повикува САД и меѓународната заедница да извршат притисок врз Израел да стави крај на ескалацијата, која ги загрозува животите на стотици илјади раселени цивили во Рафа и низ Појасот Газа.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници