Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.
Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.
Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.
Државната телевизија Перу Нотисиас објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.
Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.