Англиската Премиер лига денеска ја одби жалбата на Нотингем Форест за одземање на четири бода поради прекршување на правилата за фер плеј.
Во жалбата на „шумарите“ се наведува дека се „крајно разочарани што биле погодени со такви санкции“ кои сметале дека се несоодветни.
Правилата велат дека клубот може да има акумулирана загуба од 105 милиони фунти во текот на три сезони, значи 35 фунти по сезона, но Нотингем имаше лимит од 61 милион фунти бидејќи две години по ред трошеле повеќе отколку што требаше.
Ја надминаа границата за 34,5 милиони, па Премиерлигата сметаше дека одземањето бодови е адекватна казна.
Нотингем во последните две кола игра со Челзи дома, а со Барнли на гости на 19 мај.