Утрински Весник
Свет

Германците бараат ограничување на цената на донерот

Doner.jpg

Зголемувањето на цената на донерот ги натера Германците да побараат владина програма за субвенционирање за ова јадење, едно од најбараните во Германија, за да остане прифатливо, пишува Гардијан.

Владата на канцеларот Олаф Шолц објави на социјалните мрежи дека зголемувањето на цените е предизвикано од растот на цените на енергенсите. Како што рече Шолц, „Прилично е впечатливо што каде и да одам, ме прашуваат дали треба да има ограничување на цената на донерот“.

Левичарската партија Линке повика на воведување ограничувања на цените, слични на оние што веќе се воведени во некои делови од земјата поради високите кирии. Од партијата додаваат дека цената на донерот во некои градови достигнала 10 евра, додека оваа брза храна пред две години чинела само 4 евра.

Линке бара цената на еден донер да не биде поголема од 4,90 евра, односно 2,90 евра за младите, особено оние со помали примања, на кои тоа им е дневна храна.

Вкупната вредност на продажбата на донери, кои во Германија ги донесоа турски имигранти, изнесува околу седум милијарди евра годишно.

Како што додаваат од оваа партија, само во Берлин секојдневно се трошат по 400.000 донери, што би значело дека програмата за субвенционирање би чинела околу четири милијарди евра годишно.

Пратеничката на Зелените Хана Штајнмилер, партијата која претходно ги повика Германците да се откажат од месото, рече дека оваа тема може да биде исмејувана, но дека нејзината партија е должна да го поддржи предлогот за субвенционирање на донерот.

Шолц, сепак, ја отфрли можноста за контрола на цената како „неприменлива“ во слободната пазарна економија. Наместо тоа, тој ја пофали „добрата работа на Европската централна банка“, која се обидува да ја намали инфлацијата.

Некои луѓе на социјалните мрежи побараа враќање на Ангела Меркел, тврдејќи дека претходникот на Шолц „ги држел работите под контрола“.

Продавачите на донер не очекуваат цената да падне наскоро. „Бевме принудени да ја зголемиме цената поради цените на киријата, енергијата и храната“, вели еден од нив, „а тоа е целосно надвор од наша контрола“.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно