Утрински Весник
Спорт

Тен Хаг по дебаклот со Кристал Палас: Ова е заслужен пораз

20240507075540 Big 730x400 81.webp.webp

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг се осврна на синоќешниот висок пораз во Лондон од Кристал Палас.

Домаќините во натпревар од 36. коло на Англискиот фудбалски шампионат славеа триумф со 4:0.

– Како Манчестер јунајтед, мораме да бидеме подобри. Играчите кои беа на располагање треба да се претстават подобро. Ова е заслужен пораз. Настапот не беше онаков каков што очекувавме. Не можеме да се фокусираме само на отсуството на Касемиро. Треба да се фокусираме на тимската игра. Мора да се поправиме во недела. Треба да учиме од овој натпревар и да се подобриме, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

Манчестер јунајтед со 54 бода е 8. во поредокот во Премиер лигата, Кристал Палас има 43 бода на 14. место.

Можете да прочитате

Иран се извлече против Нов Зеланд во драматично реми, натпреварот го засенија протести пред стадионот

(Видео) Ибрахимовиќ му ја пушти Лепа Брена на Тиери Анри

Шведска го прегази Тунис со 5:1 – историска победа по цели 88 години на Светско првенство