Утрински Весник
Спорт

Лука Модриќ ја испиша историјата на Реал Мадрид

Luka Modric Its Over.jpg

Хрватскиот играч за врска стана најстариот играч кој ја освоил титулата, а воедно и најтрофеен, бидејќи круната во Ла Лига е негов 25-ти трофеј во дресот на Мадрид.

Во саботата вечерта Жирона ја победи Барселона (4:2) и со тоа го промовираше Реал во нов шампион на Шпанија.

Мадриѓаните ја освоија својата 36-та титула бидејќи имаат 13 бодови пред Џирона и 14 пред Барселона, на четири кола до крајот на Ла Лига.

Лука Модриќ со овој трофеј уште еднаш влезе во историјата на „кралскиот“ клуб.
Ова е негова четврта шампионска титула со Реал.

Претходно ги освои во сезоните 2016/17, 2019/20. и 2021/22. години.

Покрај тоа, тој стана најстариот играч на Реал во Ла Лига кој ја освоил титулата.

Го претекна легендарниот Ференц Пушкаш. Модриќ успеа со 38 години и 238 дена, а рекордот досега го држеше Пушкаш со 38 години и 233 дена.

Капитенот на хрватската репрезентација го освои 25. трофеј како играч на Реал и стана најтрофејниот играч во клупската историја.

Таа чест со Модриќ ја делат уште тројца фудбалери – Марсело, Карим Бензема и Нако Фернандез.

По тој повод Маркa го прекрсти Лука Модриќ и го почести со одлична монтажа.

Таа го нарече „Лукинг Модриќ“, го опкружи неговиот портрет со сите 25 трофеи што ги освои како играч на Реал Мадрид и му стави круна на главата.

Можете да прочитате

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива

Шпанија ја елиминира Португалија со гол во 91. минута