Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата и ближниот, да направиме утре да биде подобро од денес

Mickoski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден, на сите верници.

Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна.

Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет.

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација.

Христос Воскресе! За многу години Велигден!

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје