Утрински Весник
Балкан

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

20240502100010 Big 730x400 48.webp.webp

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите.

Можете да прочитате

Половина тело му беше надвор од авионот – потресно сведоштво по хоророт во летот на „Рајанер“

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе

Партијата на Македонците и  другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање