Полицијата во Германија, особено во Берлин, ја очекуваат поголеми немири од вообичаено за време на првомајските протести поради блискоисточниот конфликт, соопштено е во вторник.
„Полицијата мора енергично да реагира на инциденти на насилство, непримерно однесување и извикување антисемитски слогани“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
Најавено е дека ќе реагираат на секое глорификација на тероризмот, што вклучува поддршка за Хамас, како и на пароли кои го негираат правото на постоење на Израел, како пораката „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“.
Во Берлин, според полицијата, некои од овогодинешните првомајски поворки, кои традиционално ги организираат синдикати, левичарски политички организации и цркви, избрале рути низ делови од градот претежно населени со Арапи, поради што се очекува пропалестинските протести да се приклучат на првомајските поворки.
Претставникот на берлинската полиција Бенјамин Јендро изјави дека полицијата е „добро подготвена“ и, меѓу другото, е опремена со полицајци кои зборуваат арапски и кои знаат да препознаат антисемитски слогани.
Околу 5.500 колеги од целата земја ќе дојдат да и помогнат на полицијата во Берлин.
По протестите на исламистите минатиот викенд во Хамбург, на кои се бараше воспоставување на шеријатскиот закон во Германија и поддршка за Хамас, германската министерка Фазер е под притисок и забележува дека не реагирала навреме за да ги забрани тие протести.
Од друга страна, се очекува дека особено радикалните левичарски групи ќе ја искористат тензичната ситуација околу пропалестинските протести за да се пресметаат со полицијата.
Насилните првомајски протести имаат долга традиција, особено во левичарските упоришта како Берлин и Хамбург.