Утрински Весник
Економија

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

Skopski Aerodrom 1170x595 1.jpg

Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележат 33% пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година. Ланскиот број на патници го надмина и рекордот од 2019, кога низ двата аеродроми беа опслужени 2,7 милиони. Минатата година биле регистирани 24 илјади летови до 46 дестинација на Скопскиот, четири на Охридскиот и доплнителни сезонски авиолинии во летна сезона или вкупно 3,15 милиони патници. Македонскиот авиосообраќај е со втор најголем раст на превоз во Европа во 2023 година во однос на 2022 година. Забележани се над 250 илјади воздухопловни операции во 2023 година.

Според статистиката за 2023 година најмногу се патувало кон Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 10,9% пазарен удел), Базел Милуз (6,4%), Цирих (5,4%), Франкфурт (4,7%), Дортмунд (4,5%), Виена (4,4%), Минхен Меминген (4,3%), Анталија (3,2%), Хамбург и Келн (по 2,7%).

Топ 5 земји со директни летови за 2023 година пак биле Германија (28,3% пазарен удел); Турција (16,1%); Швајцарија (13,4%); Шведска (6,5%); и Италија (6,4%).

Зголемениот број на патаници несомнено се должи на големиот број на директни линии и несподредното поврзување со Европа и Светот. Дражавната политика на субвенционирани летови се покажа како исклучително добра која ги даде посакуваните резултати. Преку субвенционирање на авиолинии овозможен е раст на економијата и на воздушниот сообраќај.

Граѓаните за “ефтини пари“ добиваат можност авионски да стигнат до омилената дестинација во Европа и пошироко. Владината мерка за финасиска поддршка за нови авиолинии ја зголеми достапноста на Македонија за посетители од целиот свет, овозможувајќи продолжен период на туристичка активност.

Кон крајот на 2022 година Владата објави повик за субвенционирани авиолетови за периодот од 2023 до 2025 година. Условите и критеримуните од повикот ги исполнија Германската авиокоманија „Луфтханза“ која воведе нова авиолинија од Скопје до Франкфурт, и „Виз Ер“ која воведе четири нови линии од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана. Финансиската поддршка која Владата им ја исплаќа на овие авиокомпании изнесува седум евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Министерството за транспорт и врски во својот буџет за 2023 предвиде 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.

„Сметаме дека е од големо значење за државата, но и граѓаните зошто аеродромот во Франкфурт е еден од најголемите во Европа и поврзува со 200 меѓународни дестинации. Финансиската поддршка авиокомпаниите ја добиваат за период од три години. По истекот на тригодишниот рок, авиопревозниците имаат обврска да продолжат да оперираат на линиите. Односно, и во наредните три години. Во спротивно, ќе мора да го вратат целиот износ што ги добиле како финансиска поддршка“-наведе министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66 584 935 денари, во 2020 година 21 098 924 денари, во 2021 година 10 475 649 денари, а во 2022 година немаше исплата по тој основ.

Министерството за транспорт и врски врз основа на анализи ќе процени кога има потреба да се распише друг јавен повик за субвенционирани летови, истакнувајќи дека има интерес за влез на нови авиокомпании на нашиот пазар. Без прецизност за висината на финансиската поддршка за евентуалниот нов повик, велат дека критериумите би останале како тие од претходниот повик (2023-2025година) кои, како што потенцираат, биле усогласени со правилата на Европската унија.

Политиките на Владата се да го развие воздушниот сообраќај во земјава, да обезбеди квалитетен развој на цивилното воздухопловство, да формира конкурентни цени и нови дестинации за граѓаните , како и привлекување на туристи од цела Европа и пошироко.

Во однос на учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај во 2023 година на скопскиот аеродром, Wizz Air превезол најголем број на патници (61,8% пазарен удел,) потоа следуваат Turkish Airlines (7%), Pegasus Airlines (6,2%), Austrian Airlines (4,4%), Chair Airlines (3,7%).

Иако Wizz Air, како најголема нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, има летови до и од аеродромот во Осло, во јуни минатата година, воспоставена е нова авиолинија, која ја оперира авиокомпанијата Норвеџиан Ерлајнс.

„Влегувањето на норвешката авиокомпанија на македонскиот пазар е само потврда на успешните политики што ги реализираме заедно со ТАВ Македонија. Создавајќи поволни услови за авиокомпаниите, ја доближуваме земјава поблизу до европските пазари. Од Меѓународниот аеродром Скопје до сега бевме поврзани со Осло преку авиокомпанијата Визер, но со оваа нова линија на Норвеџиан ерлајнс даваме дополнителна алтернатива и можност за унапредување на економијата, туризмот и генерално конекцијата со Норвешка“-истакна Бочварски на промоцијата на новата линија.

Успешни политики за развој на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот кои ги даваат посакуваните резултати, треба да продолжат и понатаму, велат од Социјалдемократскиот Сојуз. Македонскиот авиосообраќај е со втор најголем раст на превоз во Европа со 64,9 % зголемување на бројот на патници во 2023 година во однос на 2022 година. Забележани се над 250 илјади воздухопловни операции во 2023 година.

Програмата за европска иднина 2024 предидува забрзан економски развој преку оперативен, ефикасен, безбеден и одржлив воздушен сообраќај и транспорт. Во мандатот 2024-2028 предвидено е продолжување со финансиска поддршка на авиокомпании што ќе воведат нови дестинации со ниски цени за македонските граѓани. Модернизација на аеродромите преку подигнување на капацитетите, поставување нови системи. Нова терминална зграда на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Проширување на терминалите за чекирање на билетите на Меѓународниот аеродром Скопје.

Државната политика кон македонското воздухопловство и во иднина треба да овозможи зголемен број на превезени патници и карго-превоз на македонските аеродроми, помногубројни прелети на авиони во нашиот воздушен простор, поврзување со уште поголем број европски и светски дестинации, зајакнување на заштитата на патничките права, интензивирање на спортско-рекреативните воздухопловни активности, поголема заштита на животната средина и повисоко ниво на безбедност на воздушниот сообраќај на македонското небо, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен