Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Сега следната наша цел повторно историска е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент

Slika 2 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

„Помина првиот круг, малкумина од власта на СДСМ и ДУИ беа свесни за тоа што ќе се случува. Но, ние таа енергија која што ја чувствуваме во кампањата, таа емоција која што доаѓаше до нас беше исклучително силна. И ни беше прилично јасно дека ќе се случи голема победа, и дека разликата ќе биде исклучително голема”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Јегуновце.

„Но, тоа што се случи на 24-ти април морам да признам и да бидам како и секогаш искрен со вас, ги надмина и нашите очекувања. Ние мислевме дека ќе биде до 150.000, а излезе 183.000 гласа разлика”, рече тој.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот изминативе години испишува историја и прави историски резултати.

„Да се навратиме кога ни предвидуваа дека нема да биде така како што ние очекуваме, дека власта ќе издвојува апсолутна победа и дека тоа е крајот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ. Ние заедно со вас, заедно со народот на Македонија успеавме да издвојуваме две убедливи победи на тие локални избори и во првиот и во вториот круг, и за првпат во независна Македонија, во демократска Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да има мнозинство од градоначалниците во Македонија. Тоа беше првиот историски резултат”, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И тоа продолжи во првиот круг на претседателски избори каде резултатот во однос на идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова со актуелниот и претседател во заминување Стево Пендаровски е 2:1. И тоа е за првпат во Македонија се случува ваков резултат”, нагласи тој.

Тој посочи дека тука не треба да се застане, туку да се продолжи до крај, до 90-та минута и минута после 90-та.

„Сега следната наша цел повторно историска е за првпат некоја коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент. Потребно е мнозинство во македонскиот Парламент и идниот претседател да биде Гордана Силјановска Давкова”, додаде Мицкоски.

„Јас сум убеден гледајќи го тоа што се случува овие пет дена од кога заврши првиот круг на претседателски избори дека и тоа ќе се случи. Ни остана помалку од една недела до денот на изборите и убеден сум од оваа енергија и емоција која што ја чувствувам од народот македонски дека и тоа ќе се случи”, укажа тој.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ