Утрински Весник
Балкан

Си Џинпинг ќе ја посети Србија на 7 и 8 мај, претходно ќе престојува во Франција

1714383631 Si Inping.webp.webp

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Србија на 7 и 8 мај, а домаќин ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Кина, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Србија“, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

Програмата и распоредот на посетата ќе бидат објавени подоцна. Си Џинпинг во Србија ќе пристигне од Франција, каде ќе биде во државна посета.

„Посетата е по повод 60-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и по посетата на претседателот Макрон на Пекинг и Гуангжу во април 2023 година“, се вели во соопштението на француското претседателство.

„Разговорите ќе се фокусираат на меѓународните кризи, пред сè на војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, но и на трговските прашања, научната, културната и спортската соработка, како и на нашите заеднички активности за справување со глобалните предизвици – климатската вонредна состојба, заштитата на биолошката разновидност и финансиската состојба на најранливите земји“, додава претседателството.

Ова е почеток на првата европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на Ковид-19.

Можете да прочитате

Разбиена албанска меѓународна група која од Латинска Америка прошверцувала тони кокаин, парите вложувани во Албанија, запленет милионски имот

70 годишен маж од Македонија спасен од давење во Неи Пори

Пронајдена четвртата жртва од бродската несреќа кај Сплит