Утрински Весник
Спорт

Дејно од Оклахома е прогласен за тренер на годината во НБА

20240429084718 Big 730x400 22.webp.webp

Предводникот на Оклахома Сити, Марк Дејно е прогласен за тренер на годината во НБА, објави најсилната кошаркарска лига на светот.

Триесет и деветгодишниот Американец во гласањето доби 473 поени. На првото место Дејно го поставија 89 од 100 испитаници. 

Втор е главниот тренер на Орландо меџик, Џамал ​​Мозели, со 158 поени. 

Тренерот на Минесота, Крис Финч, заврши на третото место со 105 поени.

Оклахома регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место во Западната конференција со 57 победи и 25 порази. 

Во првото коло од плејофот екипата на Оклахома води со 3:0 против Њу Орлеанс во серијата прв до четири победи.

Можете да прочитате

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот

Работнички против МЗТ, а сите за Силјан