Утрински Весник
Македонија

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Slav Anka Petrovska Miting Gostivar 1.jpeg
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

Pet Utrinski

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината” порача Петровска. 

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со  соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки – и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа… Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно  припаѓа, во цивилизирано, европско семејство” порача Петровска.

Можете да прочитате

На полноќ Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Ќерим: Пораката на Сиљановска Давкова беше за мнозинството граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“