Утрински Весник
Спорт

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце

677z381 677z381 Klop Gol.jpg
Dik 300x250 mk

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го прокоментира поразот на неговиот тим од 0:2 во градското дерби против Евертон синоќа. Поразот од „карамелите“ значи дека „црвените“ речиси сигурно испаднаа од трката за титулата.

-Не знам како да го коментирам резултатот од натпреварот, можам само да им се извинам на навивачите за денеска. Требаше да се справиме подобро, но не направивме. За жал, Арсенал и Манчестер Сити ќе мора да имаат многу лоши денови за да ја освоиме титулата. Знаете, гледав само пет минути од вчерашниот натпревар против Арсенал и си помислив „Добро, доста ми е“… Вистината е дека борбата за титулата во моментов не е во наши раце, единствено што можеме да направиме е да ги добиеме сите натпревари, изјави Клоп.

Во моментов тимот е на второто место во англискиот шампионат, а во случај на евентуална победа на шампионот Манчестер Сити против екипата на Брајтон вечерба, „црвените“ ќе паднат на третата позиција.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата