Утрински Весник
Македонија

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

Andre petrov.jpg
Dik 300x250 mk

„Разликата е голема и човекот секогаш треба да биде реален во пристапот. Меѓутоа, вториот круг почнува од нула, така што секогаш кога има избори, било која битка, човек треба максимално да се залага за она што го прокламирал. Мислам дека реално предноста на Гордана Силјановска Давкова е видлива, меѓутоа заедно со Стево Пендаровски одат во втор круг и тука ќе треба секој, особено ние да се обидеме да направиме реална анализа за која немаме многу време, и да се насочиме како да придобиеме што поголем број на поддржувачи“, изјави Андреј Петров, член на ИО на СДСМ на дебата на Телма телевизија.

Тој додаде дека овие 5 кандидати кои испаднаа се голем ресурс на гласови, но дека разликата треба да се гледа од аспект на тоа дека ќе се бара многу работа во следниот период.

Можете да прочитате

Скопје се буди од запуштеноста, градот се чисти од темел 

57-годишна скопјанка тешко повредена откако паднала во автобус

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај