Утрински Весник
Македонија

Излезеноста до 17 часот е 44,18 отсто 

Dik 2.jpg

Излезеноста на гласачите на првиот круг од претседателските избори до 17 часот е 44,18 отсто, согласно податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1.788 избирачки места. Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места, како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, гласале вкупно 397.612 избирачи, односно 44,18 отсто. -Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори се забележува поголема излезеност за околу 9 отсто, соопшти на прес-конференцијата Даштевски. До 17 часот најголема излезеност е забележана во Новаци (67,19 отсто), а најмала во Пласница (15,5 отсто).

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила