Утрински Весник
Македонија

Одѕивот на гласачите до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку излегле во Центар Жупа, а најмногу во Новаци

Dashtevski 1.jpg

До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 2.110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092.341 гласач на овие избирачки места, гласале 392.066, односно 35,89 проценти. Според податоците што се пристигнати досега, најголем одѕив е забележана во Новаци со 57,69 % а најмал во Центар Жупа, 13,11 %. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места. До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговор се отфрлени како неуредни, а 22 се одбиени. Другите приговори се во обработка. На страницата rezultati.sec.mk може да се следи во живо одѕивот на гласачите, вкупен и по општини.

Можете да прочитате

Филипче за Слободен печат: Потфрлувањето на оваа Влада е во секоја сфера

Жена исчезна во Карпош, семејството бара помош

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка