Утрински Весник
Македонија

Вработените во прилепскиот затвор на протест, бараат да не се носат осуденици од висок ризик

Zatvor Prilep.jpg

Вработените во прилепскиот Казнено-поправен дом денеска излегоа на двочасовен протест пред затворот и бараат да не се носат осуденици од висок ризик затоа што ниту бројноста на вработените, ниту опременоста, а и местоположбата на институцијата не се соодветни.

Тие посочија дека е алармантна ситуацијата во прилепскиот затвор каде е загрозена безбедноста на вработените поради десеттината префрлени затвореници од висок ризик од затворот Идризово, а во исто време постои недостиг на затворска полиција, крајно тешките услови за работа, но и влошената безбедносна состојба.

Во Прилепскиот затвор моментално има 54 вработени затворски полицајци, а според стандардите, треба да се двојно повеќе, но дел од вработените кои од страв и неможност да одговорат на потребата за обезбедување се веќе на боледување и избегнуваат извршување на работните задачи, додека останатата половина од вработените се оставени на милост и немилост. 

Затворските полицајци, членови на Независниот синдикат на полицијата веќе реагирале до Управата за извршување на санкции и разговарале со директорот на затворот, но, како што велат, тој се оградил како ненадлежен за решавање на проблемот.

Го известиле и министерот за правда за ситуацијата, но досега не добиле никаков одговор. Велат дека не отстапуваат од своите барања и затоа ќе продолжат да протестираат секој ден од 12 до 14 часот.

Можете да прочитате

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово

Груби останува во куќен притвор

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс