Утрински Весник
Македонија

Неуспехот да се обезбеди 100 илјади гласови разлика утре ќе ја спласне еуфоријата на ВМРО-ДПМНЕ и желбите за победа на 8 мај

1707051574 unnamed file.webp.webp

Во текот на кампањата за претседателските избори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ редовно повторуваше дека нивната кандидатка за претседателка ќе оствари убедлива победа и ветија разлика од над 100 илјади гласови.

Мицкоски неколку пати повтори дека разликата помеѓу кандидатката на неговата партија и противкандидатот од владејчаката СДСМ ќе биде повисока од 100 илјади гласови во првиот круг и дека на тој начин ќе се прати порака за вториот круг.

Ваквите најави на Мицкоски, но и на останатите високи функционери во партијата, одат во насока на оперативниот план на партијата, кој беше објавен во медиумите, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да креира еуфорија со лажни анкети и вести.

Согласно еуфоријата креирана во предизборието, за ВМРО-ДПМНЕ неуспех ќе биде неостварувањето на ваквиот резултат, што дополнително ќе ја падне вештачки создадената еуфорија и пред парламентарните избори на 8 мај.

Можете да прочитате

Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд

Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија