Утрински Весник
Магазин

Објавена нова фотографија од принцот Луис која ја направи Кејт Мидлтон по повод неговиот 6-ти роденден

Capture 9.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Како што беше случајот досега, ни во болест, Кејт Мидлтон не сакаше да се откаже од традицијата која и беше толку драга сама да ги снима портретишто за родендените на нејзините три деца.

Иако претходните години портретите на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис допираа до јавноста во раните утрински часови на нивните родендени, оваа година се почека малку.

Очигледно сакајќи да ги остави фановите во исчекување, роденденската честитка на Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс пристигна попладне. Кенсингтонската палата го објави најновиот портрет на принцот Луис по повод неговиот 6-ти роденден на кој како авторка е потпишана Кејт Мидлтон.

Со ова Кејт покажа дека се уште се придржува до традицијата која и е толку важна и дека болеста не ја спречила да го работи она што го сака. „Среќен 6-ти роденден на принцот Луис“, стои покрај фотографијата на палавиот Луис кој лежи бос и насмеан на тревата, облечен во морнарски панталони и карирана кошула.

Можете да прочитате

Со пешачење до прочистување на организмот по празниците

Опасности од комбинирање на лекови со пијалаци: Зошто е важно да се користи само вода

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година