Утрински Весник
Македонија

РАДУВАЈТЕ СЕ: Доаѓа потопло време со пролетни температури на воздухот, кое неофицијално би се задржало и за 1 мај, како и за Велигденските празници

Download 3 3.jpg

Почитувани, во изминатиот период бевме сведоци на огромна промена на времето која услови обилни врнежи од дожд и снег, како и намалување на температурите дури за повеќе од 20 степени, а во регионот дури и за 30 степени.

За среќа, во деновите кои се пред нас иако наутро ќе биде посвежо, сепак не очекуваме појава на мраз, со исклучок на високите места и планините каде е можна појава на слаб до умерен утрински мраз.

Преку ден ќе биде потопло, но повторно очекуваме променливо време со повремени врнежи, кои особено утре на повеќе места ќе бидат и пообилни. Максималните дневни температури утре како што и наведовме во нашата последна метео анализа ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Потоа од среда максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи ќе имаме вистински пролетни температури на воздухот, но како што наведовме погоре, и понатаму во деновите по утрешниот ден ќе имаме услови за повремен локален дожд. И во Скопје и околината од среда очекуваме потопло време преку ден, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 20 степени. Барем одсега гледано, поради тоа што нормално сите ние се интересираме какво време не очекува за 1 мај и за

Велигденските празници, времето би било пролетно топло и без некои позначителни врнежи и нестабилност на Атмосферата. Детална и конечна анализа околу ова ќе објавиме во следните денови, кога се ќе биде многу појасно.

Можете да прочитате

Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Претседателот на Управен суд ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите

Ордановски: Мицкоски никој не слуша освен Силјановска и нема разбирање за висока политика, тврдат луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ