Утрински Весник
Економија

Бизнис делегации од Северна Македонија и Грција ќе одржат средба во Солун на 13 јуни

Solun.jpg

Можностите за проширување и зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Грција ќе ги разгледаат бизнис делегациите на двете земји кои на 13 јуни ќе одржат средба во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Стопанската комора од Солун соопштија дека ќе бидат домаќини на бизнис делегација од 18 бизниси предводени од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, кои ќе одржат (B2B) средби со претставници на грчки бизниси со цел разгледување на можностите за нови соработки.

Компаниите од Северна Македонија кои ќе учествуваат на бизнис состанокот се од различни области во трговскиот, индустрискиот и услужниот сектор, како што се енергетиката, градежништвото и ИТ технологиите.

На почетокот на состанокот, планиран е отворен настан за перспективите за зајакнување на економска соработка меѓу Грција и Северна Македонија.

Од Стопанската комора на Солун упатија повик до грчките бизниси кои се заинтересирани да одржат средба со нивните македонски колеги, до средината на мај да достават пријави за учество.

Можете да прочитате

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ