Утрински Весник
Свет

Началникот на израелскиот воен штаб одобри продолжување на војната во Газа

Izraelska Vojska.jpg

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија.

Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари.

Израелскиот ТВ канал Кан јави дека дел од плановите е воена операција во градот Рафа на југот од енклавата долж границата со Египет. Најверојатно наскоро се очекува евакуација на цивилното население.

Портпаролот на израелската армија вчера директно им се обрати на заложниците кои ги држи Хамас.

– Ќе продолжиме да се бориме додека не дојдете дома, рече тој и додаде: Роднините на заложниците се во неподнослива ситуација и ќе направиме се за да ги ослободиме нивните најблиски.

Според здравствените власти во Газа, повеќе од 34. 000 луѓе се убиени, а речиси 77. 000 се повредени од почетокот на војната пред шест и пол месеци.

Овие бројки, кои не ги разликуваат борците од цивилите, не можат независно да се потврдат.

Можете да прочитате

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година