Утрински Весник
Македонија

 Филипче: Плати и до 180 илјади денари во здравството

D R Venko Filipche Miting Skop E 5.jpeg

Д-р Венко Филипче, носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4, денеска имаше свое обраќање на големиот сенароден митинг што се одржа во Скопје.

Филипче истакна докторите се срцето на здравствениот систем, а СДСМ предвидува мерки со кои ќе ги задржи докторите дома и ќе ги стимулира оние што заминале да се вратат и својата работа да ја продолжат во Македонија.

„Платите на докторите специјалисти ќе достигнат до 180.000 денари, на општите доктори до 120.000 денари, а на медицинските сестри до 90.000 денари”, рече Филипче.
Ова е визијата на СДСМ за европско здравство, дома во Македонија, додаде Филипче.

Тој најави победа во Изборната единица 4.

На големиот сенароден митинг свои обраќања имаа и Стефан Левен, претседател на ПЕС, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, Стево Пендаровски, кандидат за претседател на државата, како и останатите носители на листите на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Можете да прочитате

(Видео) Сведоштво на патничка: Автобус на „Ганиќ“ не остави среде пат на враќање од Црна Гора

(Видео) Вицепремиерот Фетаи одбива да одговара на македонски јазик

Синoт на Горан Стефановски со јавни предлози: Време е за мали, но клучни промени во Македонија