Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден малолетен мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Images 8.jpg

На 20.04.2024 вo 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ќемал Сејфула“ со ул.„Павле Илиќ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(46) од Скопје и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

Можете да прочитате

Меѓународна потерница по лицето кое избега од Полициска станица во Кочани

Стојаноски: Опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада

За опозицијата реконструкцијата на Владата е политичка, а не кадровска