Утрински Весник
Македонија

Нова Алтернатива отвори канцеларија во Скопје

Objava 1.jpeg

Нова Алтернатива отвори канцеларија во Скопје на ул. Рузвелтова, преку која граѓаните имаат можност да се запознаат со нашите иницијативи и да се придружат на движењето за правда, правичност и просперитет за Македонија.

-Гласот за Нова Алернатива е глас за систем во кој нема да дозволиме да бегаат младите надвор од Македонија каде бараат подобар живот, глас за отворање нови работни места, за подобри услови за приватниот сектор, повисоки пензии и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Имате само еден глас, со кој можете да го промените тоа што три децении корумпираните политички елити кои си ги менуваат функциите и местата, се амнестираат меѓусебно од криминал и потајно се бизнис партнери, соопштија од партијата.

Тие повикаа граѓаните да го дадат својот глас за бројот 9 и кандидатите на Нова Алтернатива на листите за Собранието на Република Македонија, бидејќи така имаат можност да придонесат да постои глас во парламентот кој ќе биде противник и коректор на политичките елити, глас кој храбро и јасно ќе се спротивстави на неправдите.

-Политичките елити наместо да работат за обезбедување подобро утре за сите, тие го разединуваат и раскаруваат народот, за да нема обединета критична група која ќе се спротивстави на нивното владеење. Затоа сите заедно, со една идеја – правда за Македонија, да се обединиме и да одбереме Нова Алтернатива, за подобро утре за сите, повикаа од партијата.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски