Утрински Весник
Македонија

ДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ДО КРАЈОТ НА ДЕНЕШНИОТ НЕДЕЛЕН ДЕН: Очекувајте студено време со врнежи од дожд и снег на планините – Дождливо ќе биде и во Скопје

Prec01 023.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од север  и од северозапад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат обилни, па така локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. На планините, и тоа особено во западните  и во северозападните предели со надморска височина од над 1100-1200 метри ќе има врнежи од снег.

На планините исто така очекуваме формирање на снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде  и до 15 cм, а на повисоките планини таа би можела да биде  и поголема.

Локално врнежите исто така ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност.

Во Скопје  и околината исто таоа очекуваме врнежливо време, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите за денешниот ден, тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег