Утрински Весник
Македонија

Лукаревска во Штип: СДСМ не се откажува, ќе го штитиме достоинството на пензионерите, пензиите ќе растат

Lukarevska.jpg

Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во третата изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ.

Ние знаеме да носиме храбри и осмислени одлуки, и тоа го покажавме.

Работевме напорно и посветено за да стигнеме до преговори со Европската Унија.

Никогаш не сме биле поблиску, затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор. Најтешкиот, не чека многу работа, но тоа не не плаши, затоа што сакаме и ветивме иднина за сите нас.

Заедно со граѓаните поминавме три кризи. Со 9 пакети антикризни мерки не дозволивме никој да остане сам, никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемиме и платите и пензиите.

СДСМ не се откажува, ќе го штити достоинството на пензионерите.

Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо.

Заслужиле и многу повеќе.

Затоа се обврзуваме на  минимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари.  Пензиите ќе се усогласуваат секој Јануари и Јуни, системски. Пензионерите нема да зависат од ничија милост, се им е заслужено и одработено, имаат право на спокоен живот.

Имаат право и на поголема институционална грижа, на тие што им треба. Потребни се повеќе и подостапни домови за стари лица. Предвидовме изградба на уште најмалку 12 нови.

Не чека  уште многу работа, за подобра иднина на сите.

Затоа да останеме заедно и единствени.  За да продолжиме да живееме достоинствено.

За да живееме така како што посакуваме сите, европски, во нашата Македонија.

Победата на СДСМ на овие избори, ќе биде победа на сите и за сите. И затоа не се откажуваме, ќе останеме заедно и заедно ќе ја славиме победата на европска Македнија. 

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи