Утрински Весник
Македонија

Доживотен затвор за 60-годишниот кочанчанец кој со повеќе од 40 убоди со нож уби жена

суд

Доживотен затвор доби обвинетиот Усаин Рашидов за убиството на 46 годишната Танкица Маладеновска од Кочани. Тој признал вина пред судот за свирепото убиство, кое се случи лани на 25 септември, рано наутро околу 6:15 часот. Маладеновска беше над 40 пати избодена со нож пред нејзината куќа додека се подготвувала да оди на работа. На убиството и претходела расправија со сега осудениот.

-По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор. Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож, соопштија од обвинителството.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: Заслужува староста да ја доживее на слобода

Брачна двојка од Велес лишена од слобода по семејно насилство и закани

Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати