Утрински Весник
Магазин

Кафето „Арабика“ настанало со вкрстување на два други вида, пред стотици илјади години

20240417154919 Big 730x400 29.webp.webp

Истражувачите од Универзитетот на Бафало во Њујорк, САД, тврдат оти го откриле геномот на кафето „Арабика“ следејќи го неговото потекло до прастарото природно вкрстување меѓу два други видови кафе, објави списанието „Нејчр џенетикс“ (Nature Genetics). Тоа, според научните проценки, се случило пред 610.000 до милион години во шумите во Етиопија.

Научното име на предметниот вид е „Coffea arabica“. Истражувачите секвенцирале геноми на 39 сорти „Арабика“, вклучително и примерок од 18 век, во обид да го создадат најквалитетниот примерок од овој вид досега. Откриена е и специфична област од геномот којашто може да се докаже клучна за размножувањето на растенијата или корисна во отпорноста на болести.

– „Арабиката“ е една од водечките суровини во светското стопанство и трговија. Таа зазема голем дел од земјоделските стопански политики на земјите каде што се одгледува. Кафето е богат извор на антиоксиданси, и секако, тука е кофеинот – што ми помага мене и на остатокот од светот да останеме будни, вели биологот Виктор Алберт, еден од водечките автори на научниот труд.

Истражувањето покажа дека „Арабиката“ прво ја одгледувале луѓето во денешна Етиопија и Јемен, а потоа таа се ширела на сѐ поголемо подрачје ширум светот.

Утврдено е дека овој вид има ниска генетска разновидност, а видовите подложни на штетници и болести можат да се одгледуваат во ограничен број области, каде што, меѓу другото, и климатските услови се поволни за тоа.

– Истражувањето го отвора патот кон нови пристапи за одгледување кафе, што на крајот ќе доведе до развој на нови сорти со подобрена отпорност на болести, климатски промени и со нови квалитети на вкус, додаде д-р Патрик Дескомб.

„Арабиката“, велат научниците, настанала како спој меѓу „Coffea canephora“ и „Coffea eugenioides“. Видот „Кофеа канефора“ се нарекува и „Робуста“ и неговиот геном е секвенциран во 2014 година. Видот „Кофеа еугениоидес“ расте на поголеми надморски височини во Кенија. Примерокот од 18 век, секвенциран во студијата, бил од примерок складиран во Лондон, Велика Британија, користен од шведскиот научник Карл Лајн.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста