Утрински Весник
Балкан

Хрватска: Огромен одѕив на парламентарните избори, до 16.30 часот излегле над 50 отсто од гласачите

411ff585 C8d1 4249 99f9 4b3b8313a01d.webp.webp

Денес во Хрватска се одржуваат парламентарни избори за 11-тото свикување на хрватскиот Сабор. Повеќе од 6.500 избирачки места беа отворени во 7 часот, на кои може да се гласа до 19 часот, до кога е на сила изборниот молк.

Речиси 750 илјади гласачи или речиси четвртина од нив гласаа на претпладне. Тоа е за 130 илјади гласачи повеќе отколку на изборите пред четири години во исто време. Во јули 2020 година, во екот на пандемијата на коронавирус, во исто време излегле 18,09 отсто од гласачите, односно 620 илјади, а денеска во утринските часови излегле 747.986 од нив.

Можете да прочитате

Авион принудно слета на аеродромот во Мостар, нема повредени

Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари

Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН