Утрински Весник
Скопје
Img 7972

ЈП Лајка Едукативен караван

Image 2024 04 17 095350441.png
Dik 300x250 mk

Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје спроведовме едукациски работилници во 8 општини во Град Скопје, 16 основни училишта и успеавме да научиме нешто повеќе со бројка од 1080 млади луѓе за кои сме сигурни дека во иднина ке бидат емпатични спрема животните на улица и пред се одговорни сопственици на нивните миленици.

✅ Да вдомам наместо да купам!
✅ Да не го напуштам миленикот!
✅ Да го микрочипирам и редовно вакцинирам!

Се темелите на општество во кое нема бездомни кучиња.

Огромна благодарност до Амбасадата на САД во Скопје која ги овозможи овие работилници бидејќи едукацијата е еден од најважните чекори кога се стремиме кон решавање на овој проблем.
Благодарност до општините и училиштата кои безрезервно ни отстапија простор за да го оствариме сето ова.
И најголема благодарност до дечињата кои имаа трпение, не сослушаа и заедно научивме како да бидеме одговорни сопственици на нашите миленици.

Овде го завршуваме нашиот едукациски караван до следниот пат, предводени со нашиот суперхерој за децата Зиги зашто секое куче како него заслужува дом 🐶

Можете да прочитате

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

НОМАГАС со реакција по најавата на ЈСП дека нема да има автобуси

Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее