Утрински Весник
Магазин

Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“

56789.webp.webp

Компанијата „Блек шарк“ (Black Shark) го објави својот нов технолошки производ – „паметен прстен“ наречен „Блек шарк ринг“.

Инаку „Блек шарк“ како гејмерска подружница на „Шјаоми“, е во завршна фаза на развојот на новиот паметен уред којшто го најави со објавување неколку видеа на својот Веибо-профил. „Блек шарк ринг“ е претставен во сребрена, црна и црвена боја, а неговата дебелина е 2,2 мм. Тенка црна линија минува низ средишниот дел на прстенот и, во еден дел се проширува.

Според првичните податоци, прстенот има „Смарт тач“ технологија, а ќе може да ги следи здравствените параметри на корисникот – отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, или температурата на човековото тело.

Кога почнува продажбата и колку ќе чини прстенот – сѐ уште не се знае. Колку долго ќе трае батеријата на прстенот – не е познато, но неофицијалните податоци говорат дека неговото куќиште би обезбедувало работа до 180 дена.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 14 Јули 2026 година

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина