Утрински Весник
Македонија

Јакнење на соработката меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти

436526966 3333063973653146 6705249202120593603 N 1536x898 1.jpg

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со истражители од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, предводени од претседателот на ова тело Зоран Илиевски. На средбата беа разгледани можностите за соработка и идна координација меѓу двете институции во постапувањето по несреќите и сериозните инциденти кои можат да ја загрозат безбедноста на воздушниот сообраќај. Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат.

Можете да прочитате

Пожар во кругот на болницата во Битола, нема материјална штета, ниту се загрозени вработените и пациентите

УНЕСКО со сериозни критики: Охридскиот регион под закана да го изгуби статусот на заштитено богатство

Два полициски хеликоптери интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, исфрлени преку 70 тони вода