Утрински Весник
Балкан

Мајката на осомничениот за убиството на Данка го искористи правото да не сведочи

Danka Ilic Bor Potraga 02 830x0 1.jpg

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството. Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените. – Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ. Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку. Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето. Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага.

Можете да прочитате

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година

Во Грција запленети над два тона небезбедни млечни производи од Бугарија – биле превезувани со камион без ладилник

Еден загинат и 17 повредени во сообраќајка во Црна Гора