Утрински Весник
Македонија

Втор циклус за аплицирање во рамките на заедничкиот проект  „Култура и креативност за Западен Балкан”

Kultura I Kreativnost Na Zapaden Balkan.jpg

Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информираат за вториот циклус на повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамките на заедничкиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан”. По тој повод во петок (19 април) со почеток во 10:00 часот во КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО за сите сите заинтересирани институции, организации и физички лица ќе се одржи информативната сесија и презентација за проектот, која може да се следи и онлајн со регистрирање преку платформата „Зум” на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZwoc-2trTMrG9XSvaMvzKnQLNF197l6hIsF.

Целта на повикот е да се поттикнат активностите на културниот и на  креативниот сектор со цел подобрување на вештините, знаењата и пристапот до финансиска поддршка во насока на зголемување на конкурентноста и одржување на копродукцијата и циркулацијата на услуги во Западен Балкан.

Проектот започна во април 2022 година и е со времетраење од 48 месеци. Во овој период проектот вклучува низа активности, како што се: техничка поддршка за анализа на податоци и управување со секторот култура, градење капацитети за креирање политики и регионални размени, воспоставување јавни/приватни партнерства за промовирање на културната и креативната валоризација на јавните простори, програми за културни лидерства, поврзување на независните медиумски портали во насока на создавање и споделување на културните содржини во регионот, механизми за стимулирање на приватното финансирање, мали проекти за заштита на културното наследство во насока на зајакнување на учеството на локалните заедници и споделување на добри практики во регионот и со земјите членки на ЕУ.

Повикот, критериумите и начините на аплицирање може да се најдат на следниве линкови:

–        за институции и организации: www.bit.ly/3ITpCdJ, со рок за поднесување најдоцна до 27 мај 2024 година;

–        за мали грантови за физички лица: www.bit.ly/4axMUBY, постојано отворен за аплицирање сѐ до 31 декември 2025 година.

Можете да прочитате

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО

„Вреди“ ја повлече тужбата на почетокот од јавната седница на Управниот суд