Утрински Весник
Македонија

Таравари во Велес и околните села ги слушаше барањата на граѓаните

Taravari9.png

Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари денеска го посети градот Велес и околните населени места. Прво беше во велешката џамија, а потоа го посети и градскиот пазар и ги ислуша барањата на трговците и граѓаните. „Денеска решивме да ја посетиме источна Македонија и да почнеме од градот Велес за да поразговараме со трговците, луѓето, а потоа ќе продолжиме во другите маала и населени места”, рече Таравари. Таравари нагласува дека неговата посета на овие населени места е да ги слушне барањата на граѓаните и одблиску да се запознае со проблемите со кои се соочуваат. Овде на пазарот ми кажаа за нивната работа, ги слушнавме нивните главни проблеми”, рече Таравари, додавајќи дека програмата на ВЛЕН главно се заснова на економски развој, бидејќи Северна Македонија е и најнеразвиена економски на Балканот.

Можете да прочитате

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва

Стојанче ја заклучувал ќерката сама дома и давал само ѓевречиња, а тој одел на вежбање

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор:  Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените