Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Инвестиравме над 90 милиони денари во подобри услови на осум објекти на подрачјето на СВР Штип

Fb4d73df 96a5 439b A047 3d7bb3ed787a.jpg

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, остварија работни средби со раководствата на СВР Штип и ОВР Свети Николе, во рамки на серијата посети на секторите за внатрешни работи низ државата, со цел увид во сработеното во првото тримесечје на 2024 година. Притоа, Бојмацалиев ги посети управните служби, а беше презентирана и опремата во делот на безбедноста во сообраќајот.

„Бев брифиран на средбите дека безбедносната состојба на ова подрачје е стабилна и поволна. Од вкупниот број на кривични дела, од познат и непознат сторител постигната е ефикасност во расветлувањето од 40%, додека процентот на расчистени кривични дела  изнесува 71% . Во делот на општиот криминал  бележи  намалување  од 11% . Кај кривичните дела од познат и непознат сторител   бележиме намалување за  21%, со  постигната ефикасност во расветлувањето од  37 %, додека расчистени се 64% од вкупно пријавените кривични дела. Кај кривични дела од областа на економски  криминал  бележиме  зголемување  од  67% , за кои се поднесени 20 кривични пријави против 43 сторители. Во делот на недозволена трговија во текот на првото тримесечје 2024 евидентирани се 33  кривични дела, за кои се поднесени 29 кривични пријави против 30  сторители. Од преземените мерки од областа на недозволена трговија со дрога од страна на СВР Штип во првото тримесечје 2024 година во рамки на ОА„Хидра” поднесени се 12 кривични пријави за сторени 14 кривични дела , против 13 лица, лишени се од слобода 23 лица, извршен е претрес на 24 локации, при што на  пет локации е пронајдена дрога”, информираше Бојмацалиев. Притоа, тој потенцираше дека се подобрени работните услови на полициските објекти на подрачјето на СВР Штип.

Можете да прочитате

Цело ВМРО-ДПМНЕ на прием кај претседателката Давкова

Првите соработници на Мицкоски стануваат министри?

Ѝ се јавиле по телефон и ја измамиле – пензионерка останала без 6.000 евра