Утрински Весник
Спорт

(Видео) Фудбалер на Рома колабира на теренот, натпреварот во Удине прекинат

Gljnggwcaexwrp.jpg

Натпреварот од 32. коло во италијанската фудбалска Серија А меѓу Удинезе и Рома во Удине е прекинат при резултат (1:1) поради немил настан на теренот кој го доживеа играчот на „римската волчица“ Един Ндика. Немилиот инцидент се случи во 81. минута од средбата кога без топка репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска падна на теренот, по што мораше да биде изнесен надвор од стадионот на носилки. Стоперот на Рома, Ндика, почувствува болка во градите. Играчите на римскиот клуб беа многу загрижени, тренерот Де Роси веднаш замина во соблекувалната да види што се случува со него. Ндика (24 г.) дојде во Рома минатото лето од Ајнтрахт Франкфурт. Според првичните информации од Италија тој е во стабилна состојба и е свесен.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност