Утрински Весник
Свет

Вонредна седница на министрите за надворешни работи на ЕУ по иранскиот напад врз Израел

Eu 1.jpg

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, свика состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за во вторник, бидејќи иранскиот напад без преседан врз Израел предизвикува страв од поширока војна на Блискиот Исток. „Нашата цел е да придонесеме за деескалација и безбедност во регионот“, напиша Борел денеска на „Х“, поранешен Твитер. Поради иранскиот напад врз Израел, попладнево беше свикан видео состанок на Г7, како и вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН. За прв пат во историјата на Исламската Република, Иран преку ноќ директно го нападна својот најголем непријател Израел. Нападот е одмазда за убиството на високи ирански офицери во Сирија во наводен израелски воздушен напад претходно овој месец. Светот стравува од ескалација на конфликтот во регионот, каде што војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа трае повеќе од шест месеци.

Можете да прочитате

Путин: Украина напаѓа цивилни објекти во обид да ја дестабилизира Русија

Нетанјаху: Израел ќе го задржи военото присуство во безбедносната зона во јужен Либан

Холандија, Велика Британија и Франција погодени од топлотен бран