Утрински Весник
Балкан

Дачиќ: Унгарија ќе гласа против приемот на Косово во Советот на Европа

D0b4d0b0d187d0b8d19c D0b7d0b0 D180d0b5d0b7d0bed0bbd183d186d0b8d198d0b0d182d0b0 D0bdd0b0 D0b5d0b2d180d0bed0bfd181d0bad0b8d0bed182 D0bf 63ca6ee70c507.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, телефонски разговарал со својот унгарски колега Петер Сијарто и тоа го објави на својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека Сијарто му рекол дека Унгарија ќе гласа против приемот на Косово во Советот на Европа (СЕ) и против резолуцијата за Сребреница во ОН.

„Имајќи ја предвид моменталната ситуација во регионот, му кажав на колегата дека Србија континуирано се залага за деескалација, зачувување на мирот и стабилноста во регионот, како и почитување на претходно постигнатите договори“, напиша Ивица Дачиќ на сoцијалните мрежи.

„Министерот Сијарто ми повтори дека Унгарија е заинтересирана за успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но дека постојаната намера на Косово да се приклучи кон меѓународните организации не помага на овој процес и потврди дека Унгарија ќе гласа против во Комитетот на министри на Советот на Европа во однос на членството на Косово и нема да ја поддржи резолуцијата за Сребреница во ОН, како и секој предлог што би довел до натамошна ескалација на тензиите во регионот“, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил.

Можете да прочитате

Голем пожар во Тирана: Горат околу 50 магацини, евакуирани многу семејства

Силно невреме во Западна Турција: Прекинат сообраќајот низ Босфорот и Дарданелите

Во cнежно невреме во Романија над 11.000 домаќинства останаа без струја